Профилот во Firefox ми е стар од 2007 година до сега, и уште чини, и покрај сите надградба, и тоа од:
Што не ми се допаѓа кај Firefox:
- Многу јади ресурси,
- flash додатокот е премногу бавен,
- ако отворам страници со многу содржина, пр. > 10000 линии, сецка малце,
- јава аплетитите и тие ми се бавни, барем кај мене,
- UI-то му е огромно, пречи search bar-от.
- јазичињата не се како самостојни процеси, ако се, на ГНУ/Линукс можам со скрипта да ги суспендирам (паузирам), со што ќе троши помалце ресурси.
- Awesome bar (за внесување на адреси); лесно се подесува,
- можноста за бирање на повеќе пребарувачи,
- големиот избор на заштити, и тоа:
- NoScript,
- Adblock,
-Adblock-plus,
-Adblock-element-remover, и т.н, - можноста за чување на лозинки, при што истите се заклучуваат во сеф под лозинка,
- користењето на профили и избор на профили преку управувачот на профили,
со што еден корисник можи да има повеќе профили за Firefox, во кој може да инсталира посебни додатоци, теми и сл.; во зависност од намената на профилот, - додатоците можат да се снимат локално (по профил); глобално, за сите профили, при што за моменталниот профил може да се оневозможи тој додаток,
- преведеноста на повеќе јазици, поддршка на македонскиот јазик за користење во секој аспект,
- ги зачувува сите сесии, прозорци, јазичиња при ненадајно паѓање (шо се случува еднаш на 100 години, барем на ГНУ/Линукс).
- брзината на отворање на самата програма, не дека е побрза, но арна е (засега),
- не арчи многу ресурси,
- сите јазичиња се како самостојни процеси и можам да ги суспендирам или убијам (преку уредувачот на задачи во Chromium),
- лесно UI, многу малце простор зафаќа, само потребните копчиња се дадени,
- додатоците можат да се спакуваат во пакети за мигрирање на друг компјутер,
- на додатоците можи да се отвори изворниот код,
- и толку :P
- ако се преоптовари системот, некои јазичина (повеќето со adobe flash додаток што користат) паѓаат (about:crash),
- многу лесно можи да се откажи симнување на некој додаток, иако сакаме да кликнеме на десен клик за менито со опции на тој предмет што сакаме да го управуваме,
- нема многу можности за подесување, и тоа за:
кој mime (формати) да се отвораат со која програма, - јазичето за симнување нема можност за избирање на повеќе предмети оддеднаш, ниту пак филтер за избор,
- уредувачот на белешки е многу едноставен,
- ако сме низ цел екран немаме контроли видливи, ниту пак можеме да смениме адреса на страница,
- кога ќе се упатиме со курсорот од глушецот на некој линк, долу лево ни дава облаче со линкот, иако е ова иноватовни, сепак има грешки, ако линкот е скроз на дното балончето место горе, ни го дава под него, затоа што проверува дали има за мотање на долу, ако има исцртува балонче под, а не гледа дали е тој регион видлив за човековото око,
- доколку зумираме/одзумирање на control + тркалце на горе/долу, фокусот е едноставен, не се фокусира на моменталната положба од курсорот, при што мораме да одиме лево/десно, горе/долу со мотачите на страницата,
- нема главна лозинка за сефот со лозинки,
- не постои блокирач на скокачки прозорчиња,
- недостига на копчињата за назад/напред можност за одење во неколку нивоа назад/напред,
- недостаток од можност за супер освежување кое нема да чита од кеш, туку ќе ја симни страницата одново.
- јазичиња,
- Control + alt + T - враќа претходно исклучено јазиче,
- Control + T - отвора ново јазиче,
- Еscape - го стопира отворањето на страницата,
- чувач на историја,
- уредувач на белешки,
- и др. основни кратенки на тастатурата.
- Session buddy - корисно управување со сесии:
- можете инстантно да направите збирка на јазичиња и прозорци како сесија, и сите сесии ќе ви бидат достапни во уредувачот на сесии,
- ако отворете една сесија, ќе се отвори во нови прозорци (еден нов прозорец со неговите јазичиња, и нов друг во зависност од колку прозорци биле),
уредување на истите сесии - бришење на сесии,
- спојување на сесии
- AdBlock - додаток кој блокира глупави реклами, добро за бавни интернет врски, и спречување на порнографски реклами при користење на прелистувачот од страна на деца.
- Browser Button for AdBlock - Додава копче за AdBlock со кое ќе можете со леснотија да додадете реклама или други поле кое не ви се допаѓа.
- FlashBlock - додаток за блокирање на flash реклами, кои се или со порнографски материјал, или пак има досадни звучишта, или едноставно ги мразите тие реклами :D.
Еве и некои скриени финти (некои се за постари верзии).
За жал неможев да пронајдам понови за Chromium 4, 5 и понов.
Овие критики се базирано на следните верзии од софтверите:
П.С:
- Mozilla Firefox 3.6-2 и
- Chromium 5.0.307.11 (39572).
П.С:
статијава е напишана целосно со помош на Mozilla Firefox 3.6-2.