среда, 31 март 2010 г.

Chromium vs Mozilla Firefox





Јас користам Mozilla Firefox од 2000 година, тоа се околу 10 години искуство.




Профилот во Firefox ми е стар од 2007 година до сега, и уште чини, и покрај сите надградба, и тоа од:
  • Gran Paradiso,
  • Shiretoko и
  • Namoroka.
Што не ми се допаѓа кај Firefox:
  • Многу јади ресурси,
  • flash додатокот е премногу бавен,
  • ако отворам страници со многу содржина, пр. > 10000 линии, сецка малце,
  • јава аплетитите и тие ми се бавни, барем кај мене,
  • UI-то му е огромно, пречи search bar-от.
  • јазичињата не се како самостојни процеси, ако се, на ГНУ/Линукс можам со скрипта да ги суспендирам (паузирам), со што ќе троши помалце ресурси.
Што ми се допаѓа кај Firefox:
  • Awesome bar (за внесување на адреси); лесно се подесува,
  • можноста за бирање на повеќе пребарувачи,
  • големиот избор на заштити, и тоа:
    - NoScript,
    - Adblock,
    -Adblock-plus,
    -Adblock-element-remover, и т.н,
  • можноста за чување на лозинки, при што истите се заклучуваат во сеф под лозинка,
  • користењето на профили и избор на профили преку управувачот на профили,
    со што еден корисник можи да има повеќе профили за Firefox, во кој може да инсталира посебни додатоци, теми и сл.; во зависност од намената на профилот,
  • додатоците можат да се снимат локално (по профил); глобално, за сите профили, при што за моменталниот профил може да се оневозможи тој додаток,
  • преведеноста на повеќе јазици, поддршка на македонскиот јазик за користење во секој аспект,
  • ги зачувува сите сесии, прозорци, јазичиња при ненадајно паѓање (шо се случува еднаш на 100 години, барем на ГНУ/Линукс).
Што ми се допаѓа кај Chromium:
  • брзината на отворање на самата програма, не дека е побрза, но арна е (засега),
  • не арчи многу ресурси,
  • сите јазичиња се како самостојни процеси и можам да ги суспендирам или убијам (преку уредувачот на задачи во Chromium),
  • лесно UI, многу малце простор зафаќа, само потребните копчиња се дадени,
  • додатоците можат да се спакуваат во пакети за мигрирање на друг компјутер,
  • на додатоците можи да се отвори изворниот код,
  • и толку :P
Што не ми се допаѓа кај Chromium:
  • ако се преоптовари системот, некои јазичина (повеќето со adobe flash додаток што користат) паѓаат (about:crash),
  • многу лесно можи да се откажи симнување на некој додаток, иако сакаме да кликнеме на десен клик за менито со опции на тој предмет што сакаме да го управуваме,
  • нема многу можности за подесување, и тоа за:
    кој mime (формати) да се отвораат со која програма,
  • јазичето за симнување нема можност за избирање на повеќе предмети оддеднаш, ниту пак филтер за избор,
  • уредувачот на белешки е многу едноставен,
  • ако сме низ цел екран немаме контроли видливи, ниту пак можеме да смениме адреса на страница,
  • кога ќе се упатиме со курсорот од глушецот на некој линк, долу лево ни дава облаче со линкот, иако е ова иноватовни, сепак има грешки, ако линкот е скроз на дното балончето место горе, ни го дава под него, затоа што проверува дали има за мотање на долу, ако има исцртува балонче под, а не гледа дали е тој регион видлив за човековото око,
  • доколку зумираме/одзумирање на control + тркалце на горе/долу, фокусот е едноставен, не се фокусира на моменталната положба од курсорот, при што мораме да одиме лево/десно, горе/долу со мотачите на страницата,
  • нема главна лозинка за сефот со лозинки,
  • не постои блокирач на скокачки прозорчиња,
  • недостига на копчињата за назад/напред можност за одење во неколку нивоа назад/напред,
  • недостаток од можност за супер освежување кое нема да чита од кеш, туку ќе ја симни страницата одново.
Другите можности се индентични како и секој прелистувач, и тоа:
  • јазичиња,
  • Control + alt + T - враќа претходно исклучено јазиче,
  • Control + T - отвора ново јазиче,
  • Еscape - го стопира отворањето на страницата,
  • чувач на историја,
  • уредувач на белешки,
  • и др. основни кратенки на тастатурата.
За подобрување на искуството во Chromium, ви предлагам користење на следниве проширувања:
  1. Session buddy - корисно управување со сесии:
    • можете инстантно да направите збирка на јазичиња и прозорци како сесија, и сите сесии ќе ви бидат достапни во уредувачот на сесии,
    • ако отворете една сесија, ќе се отвори во нови прозорци (еден нов прозорец со неговите јазичиња, и нов друг во зависност од колку прозорци биле),
      уредување на истите сесии
    • бришење на сесии,
    • спојување на сесии
  2. AdBlock - додаток кој блокира глупави реклами, добро за бавни интернет врски, и спречување на порнографски реклами при користење на прелистувачот од страна на деца.
  3. Browser Button for AdBlock - Додава копче за AdBlock со кое ќе можете со леснотија да додадете реклама или други поле кое не ви се допаѓа.
  4. FlashBlock - додаток за блокирање на flash реклами, кои се или со порнографски материјал, или пак има досадни звучишта, или едноставно ги мразите тие реклами :D.

Еве и некои скриени финти (некои се за постари верзии).
За жал неможев да пронајдам понови за Chromium 4, 5 и понов.

Овие критики се базирано на следните верзии од софтверите:
  • Mozilla Firefox 3.6-2 и
  • Chromium 5.0.307.11 (39572).

П.С:
статијава е напишана целосно со помош на Mozilla Firefox 3.6-2.

недела, 1 ноември 2009 г.

Слобода при шетање низ сајтови и гледање на клипови

Пример имате инсталирано во вашиот Firefox заштита од реклами како што е: Adblock, Noscript и многу други кои ви ги чистат страниците од ѓубре и трепкачки глупости, како и порнографски реклами. И сега еден ден барате некој си сајтови што нудат сервис за гледање онлајн најнови епизоди од вашата омилена серија, но во игра излегоа нови против заштити како што е сервисот: http://cpalead.com кој не ви дозволува да преминете директно кон гледање на епизодата туку мора да потполнете некоја си анкета :(, не очајувајте затоа што го открив начинот како работи (Можеби некој веќе се сетил на ова, но и мене ми текна :D).

Како прво во кодот од страната или блог се поставува јаваскрипта како следнава:
Овој дел т.е скриптата му овозможува при целосно исчитување на страницата да се појави анкетата.
<script language="javascript"> var isloaded = false;</script>
<script src="http://www.cpalead.com/mygateway.php?pub=7288&gateid=MTM0NzA%3D"
language="JavaScript" type="text/javascript"></script>
<script language="javascript">
if (!isloaded) {window.location = 'http://www.cpalead.com/adblock.php';}
</script>
Овај дел е му заштиотата која појавува грешка дека имате активирано додатоци за заштита и ви вика ова „наредува“ да ги исклучите, но :P нема ]:) да го сторите тоа.
<META http-equiv="refresh" content="0;URL=http://cpalead.com/nojava.php?pub=7288">
Како сега да ја деактивираме заштитата нивна т.е анкетата ?

- Многу лесно, но малку е досадно

(бидејќи ова го правиме насекое т.е исклучи/вклучи само на вакви сајтови), значи отвораме во подесувањата од Firefox,
кога ќе ни се отвори дијалог со подесувања одиме во последно јазиче т.е „Напредно“, бараме неколку полиња за чекирање и го чекираме доколку не е: полето „Предупреди ме кога мрежните места се обидуваат да ја пренасочат или превчитаат страницата
“, кликаме на копчето Затвори и сега сме безбедни од оваа анкета.

За повеќе податоци прочитајте го артиклот на Mozilla сајтот за напредни подесувања кој се наоѓа на оваа адреса.