четврток, 18 декември 2008

Леле тие огромни листишта со контакти ...

Се скинав од барање контакти во Pidgin, не дека се многу, туку заради што се дуплираат, едно име од повеќе контакти, или пак контактот решил да се потпише со безврска буквишта „#$@$%ЈАс434ССРоцk“.


За да се надмине овој хаос Pidgin има свое решение, а тоа е т.н групирање на контакти, тоа се прави на тој начин што се клика на десен клик од глушецот и се одбира Expand(Издолжи), па потоа се влечат и фрлаат сите исти контакти во тој одбраниот,
и на крај првиот контакт т.е името на групата се преименува во пр. името и презимето на контактот или пак името со кое ќе го препознаеме.


На овој начин можеме да правиме и групи на различни групи, пр. група на луѓе кои работат кај вашето работно место, вашите колеги, или пак каде што учите, соучениците.
Притоа е важно тоа што имате можност да ги активирате т.е да му пишувате на сите оддеднаш.

Нема коментари: